речник контакт

Експлозив за соседот, во дрвјата за греење

Велешанец му подметна експлозив во дрвата за огрев на соседот, оти не разговарале.

Петар Печков

Велешанец му подметна експлозив во дрвата за огрев на соседот, оти не разговарале. Б.С. ( 53 год)  заработи кривична пријава за предизвикување на општа опасност затоа што во дрвото за огрев подметнал топовски удар.

Тој со сврдел издлабил дупка во цепеницата и во неа го ставил експлозивот па ја подметнал во соседските дрва, со цел кога ќе го стави во ќумбето да се грее, да експлодира и го повреди. Соседот кога ги земал дрвата за огрев, забележал дека едното од нив е поголемо од останати и е буково а не дабово како што тој ги има. Кога прегледал на големо изненадување во него видел топовски удар, по што повикал полиција. 

Таа извршила претрес во домот на Б.С. и пронашла три сврдли, по чие вештачење е утврдено дека бојата која останал во дрвото и трагите од сврделот, одговараат на откриените кај  осомничениот. По ова против него е поднесена кривична пријава за предизвикување на општа опасност а тој веќе имал лежено затвор за  кривични дела против имотот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »