речник контакт

Елена Тевчева повторно на чело на ЛДП Велес

Таа доби нов мандат од четири години

Петар Печков

Елена Тевчева е нов претседател на општинската организација на ЛДП од Велес. На синоќешното изборно собрание, таа доби поддршка од присутните долегати за нов четиригодишен мандат на чело на велешкиот огранок на оваа партија.

Во својата програма за работа, претседателката вети амбициозни проекти, кои,  според неа, ќе ја етаблираат општинската организација на ЛДП од Велес и ќе ја направат уште попрепознатлива политичка опција од центарот.

Секојдневно во партијата доаѓаат нови членови кои сакаат да дадат свој придонес на претстојните предвремени парламентарни избори, за да се случат промените на политичката сцена и оваа власт конечно да замине во историјата - велат од партијата.

Тевчева е актуелен член на Советот на општина Велес, а за неа ова е втор мандат на чело на општинската организација на ЛДП Велес.

На изборното собрание присутен беше лидерот на ЛДП Горан Милевски,  кој за почетокот на декември најави трибина во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »