речник контакт

Елка Јачева Улчар во родниот Велес ја промовираше книгата „Презимето кај Македонците“

Книгата е научна студија која се базира на податоци од речникот на презимињата кај Македонците но и од вистинити лични приказни

Петар Печков

Добитникот на највисокото општинско признание на Велес, наградата „Гемиџии“ проф. д-р Елка Јачева Улчар ја промовираше нејзината последна книга „Презимето кај Македонците“ во родниот Велес.

Тоа е нејзино  најновото дело чија  промоцијата се одржа во медиотеката на  Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес. За авторка и за книгата говореа Татјана Алексиќ и Игор Радев.

„Книгата содржи интересни факти за презимињата од ова поднебје, како се менувале низ годините, за презимињата кои исчезнале, но и за новите презимиња кои се вдомиле во овие краеви. Книгата е научна студија која се базира на податоци од речникот на презимињата кај Македонците но и од вистинити лични приказни. Во оваа книга, што носи горд наслов ‘Презимето кај Македонците’, јас сакав да проговорам за три потсистеми на презимиња, карактеристични за определени географски простори- во Малешевијата врз основа на образувањето и акцентот, во охридски Варош за бессуфиксните презимиња, во Прилеп за прекарите како главна основа за формирање презимиња “ - кажа авторката Улчар.  

Таа вели дека  е  неопходно било да се направат овие истражувања и да се освежат, претходните, веќе застарени информации. Книгата е издание на Менора.

фото ФБ/ Локална библиотека Гоце Делечв

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »