речник контакт

Елко, елко порасни уште... за да не крадат од тебе

Надлежните општински служби започнаа да ги собираат новогодишните украси, кои ќе бидат складирани повторно да го красат градот во декември.

Петар Печков

Надлежните општински служби започнаа да ги собираат новогодишните украси, кои ќе бидат складирани повторно да го красат градот во декември.

Во исто време се прави и есапот колку и што велешани за овој месец дена собраа или ако сакате украдоа од светилките кои беа декаор во градот. Сметката покажува дека се украдени вкупно 1300 светлечки тела,  по 300 ѕвезди и сијалички од елките кај споменикот на Панко Брашнар и кај Сако трејд по 40 од кај ПТТ или Пошта а додека единстено не фали ништо, никој не украл ниту една ѕвезда и сијаличка од елката кај ДОЗ.

Украдени е и еден кордон сијалички од елката која беше во Младинскиот парк. Сметката што некои велешани дома си украсуваа од општински сијалички, ја плаќаме сите. Колку да се знае.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »