Петар Печков
Објавено: четврток, 04 април 2024
Вчеравечер, велешката полиција уапсила лице кое се барало бидејќи побегнало од затвор. При претресот кај него пронајдена била и дрога а неговата сопруга пријавила дека била физички нападната. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 3 април во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48 год) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата. Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот, полицијата против него ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |