речник контакт

Енциклопедијата на „Ми-Ан“ е најдобра книга

„Нова енциклопедија, општа и македонска“, на книгоиздавателството „Ми-Ан“, е прогласена за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката и културата што било објавено меѓу два саема.

Никола Солев

„Нова енциклопедија, општа и македонска“, на книгоиздавателството „Ми-Ан“, е прогласена за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката и културата што било објавено меѓу два саема. Наградата вчера ја додели Здружението на издавачите на Македонија, на Скопскиот саем. Втората награда за истата категорија е доделена за изданието Собрани дела на Матеја Матевски во десет томови, чиј издавач е книгоиздателството „Матица македонска“. Третата наградата беше доделена за Избрани дела од Али Алиу, чиј издавач е „Серембе“. За дела со најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн беа прогласени две книги. Монографијата „Кубиново и други студии за фрескоживописот во Преспа“ од академикот Цветан Грозданов, во издание на Македонската академија на науките и уметностите, како и делото „Илустрирана детска енциклопедија-најпознатите пронајдоци на светот“ од авторот Дејан Д. Николовски, во издание на „Феникс“. За најдобро илустрирана сликовница беше прогласена едицијата на македонски и на албански јазик „Ајде да учиме“, од група автори, издадена од „Детска радост“. Наградата „Јаков од Камена Река“, за најдобра компјутерска обработка и печат, беше доделена за монографијата „Општините во Република Македонија“, од авторите Никола Панов и Дончо Герасимовски, чиј издавач е „Ина комерц“. Наградата за најдобар книжар, Здружението на издавачите годинава и\' ја додели на Валентина Дамчевска Поповска, од издавачката куќа „Матица македонска“. Извор: [url=www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3EEAC99E7F9AA548ACA558C0E8489748]Дневник[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »