речник контакт

Ергенската вечер од сладолед победи на ,,Сладоледија,,

За два часа се изедоа 200 литри сладолед на Милина од Прилеп

Петар Печков

Билјана Деловска од Велес со креацијата ,,Ергенска вечер,, победи на осмата по ред ,,Сладоледијата,, која се одржа на базенот Снупи во Велес. Сладоледот шесте натпреварувачки го комбинираа со сезонско овошје, па чиниите беа прекрасни за гледање и уште повкусни за јадење.  Вистински спектар од бои и вкусови.  

Победникот беше решен со гласање од страна на жирито, не по вкус, туку по изглед. Во конкуренција на шест натпреварувачки, Деловска  остави најсилен впечаток.  Таа учествува по трет пат на оваа манифестација.

Со оваа моја креација од женска штикла, бродови, плажа, сакав да ја доловам ергенска вечер. Освен сладолед има чоколадо, овошје, сето тоа  го соединив и ја освоив првата награда – рече Деловска.

Таа како награда од организаторот граѓанското здружение за мултикултурни женски активности  ,,Креација 2009,,   како награда доби бесплатен викенд на Златибор. Учесничките вешто го декорираа млечниот производ, сладоледот со сезонското овошје грозјето, лубеницата,праска, смоквата, дињата, така што  погледот  ги мамеше присутните за изработените декорации. На ,,Сладоледијата,, учествуваа надвор од конкуренција и неколку девојчиња од две основни училиште Блаже Конески и Јордан Хаџи Константинов Џинот, кои не се посрамотија со нивната изработка.

Целта на  манифестацијата е натпреварувачките да ја покажат нивната креативност во создавање на  декорација на сладолед. Ова е единствена таква во земјава.  Сладоледот во лето е најбараниот и најомилен десерт во светот, било каде – вели Рајна  Стојанова претседател на здружението.

За два часа на манифестацијата се изедоа 200 литри сладолед, кои се подарок од  ,, Милина,, од Прилеп. Натпреварувачките имаат неограничено количество сладолед за користење, но ограничено време, поради опасноста тој да се стопи. Додека за останатите вештини на подготовка на храна, дома во кујната  треба време, овде тоа го имаа многу малку и е ограничено. Не поради  правилата, туку поради временските услови, температурите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »