речник контакт

Етно вешта жена 2012

На аукција беа продадени триесетина стари македонски специјалитети

Петар Печков

Десетина велешанки учествуваа на манифестацијата Етно вешта жена, која се одржа по седми пат во Велес. На маста имаше старински рецепти ѓозлеме, гриз алва, колпиде, фурми, зелник, погача, јадења кои се подготвувале од дамнина. Истите беа понудени на присутните во Розе салата а можеа да се купат на аукција.

Собраните средства ќе се употребат на завршната Етно вешта жена, која до година во мај ќе се одржи во Велес и се очекува да присуствуваат повеќе стотина жени од дваесетина града во Македонија. На манифестацијата имаше и модно претставување на елеци изработени од Благородна Донева. Организатори на манифестацијата се мултиетничкото и мулти културно здружение ,,Вешта жена,, и Општинската организација на жени од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »