речник контакт

Етно вешта жена во Велес

Зачувување на традиционалната македонска храна, преку оваа манифестација беше целта на Етно вешта жена, чии победнички заминуваат на викенд во Крушево

Петар Печков

Победник е Божиќната маса која ја подготвија Борка Андовска, Злата Ристова, Ирена Трајковска, Марија  Стојанова и Катерина Михајловска. Таа беше спој на бадникова и божиќно поставена маса на која имаше  и посно и мрсна храна, свинско печење, Божикна торта, суви благца. Другите две маси беа Славска маса во која учествуваа  Родна Анастасова, Нада Кацарска, Бети Петрушева и Елизабета Ѓоргиева  и Велигденска маса поставена од Сузана Ацкова, Верче Танчева, Јасмина Панова, Елизабета Темелковска, Жаклина Здравковска и Даниела Ѓоревска. Победничката маса, сите пет учеснички добија награден викенд до Крушево.

Манифестацијата имаше и хуманитарен карактер, бидејќи подготвената храна се продаваше на лицитација од што се собраа 5.3 илјади денари. Тие ќе бидат наменети за манастирот Св. Наум на Попова Шапка. Организатор на оваа ,,Етно вешта  жена,, беше  Вешта жена и Организацијата на жени од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »