речник контакт

Еуро Брик Киро Ќучук спонзор на КК Борец

Спонзорот најавува враќање на велешката кошарка во македонски рамки

Петар Печков

Велешкиот  кошаркарски клуб Борец доби спонзор, тоа е компанијата  Еуро  Брик од  неодамна сопственик на цигланата Киро Чучук.    Договорот за долгорочна соработка го потпишаа претседателот на клубот  некогашниот кошаркар  Васко Бојчев и Абдураим Бајрактар, еден од тројцата сопственици на фабриката  и член на УО  на  КФМ.  

Благодарност од сите млади кошаркари, што компанијата реши  да го спонзорира клубот.  Очекувам дека  КК Борец  ќе  биде стабилен клуб и гордост  на сите  велешани. Минатата година имавме убав   успех,  но поради ебспарица не велговме во Прва лига. Не треба да се брза со резултати во иднина - изјави Бојчев.     

Нас ни е чест што со овој чин  придонесуваме за растот на спортот во  Велес. Како локална компанија ќе учествуваме наредните години во помагањето не само во спортот туку и во културата.  Клубот во Велес има млади кошаркари кои ќе бидат база за нашите млади репрезентации  - рече Бајрактар.

Тој  напомена деке сеуште не е прецизирана финансиската конструкција, со колку средства ќе го помагаат клубот за тоа дополнително ќе се договарало. ОЧекуваат  од есен КК Борец  да почне да игра во Втора лига.  

Клубот оваа сезона игра со младинската екипа во соодветна конкуренција, откако  минатата година иако имаше  пласман и можност како второпласиран во Втората лига  да  влезе  во Супер лигата, но  поради немање средства се откажа.

Ѕвездените моменти  Борец ги имаше во средината на 90-тите години, кога спонзор беше Жито Вардар и под  тоа има пет години беше во врвот на македонската кошарка а имаше и  настапи во евро куповите.   Новиот спонзор најавува враќање на Борец на кошаркарската карта на Македонија, но додава постепено и со сопствен кадар.

Првиот човек на градот Славчо Чадиев го поздрави овој потег на  општествена одговорност на сопствениците  на Киро Ќучук. Пратеникот Илија Димовски им  заблагодари на тренерите Бојчев и Љутков што ја одржаа кошарката во градот изминатите години  покрај лошите материјални услови.   

Очекувам дека овој потег на финансирање  ќе го следат и другите велешки  компании кои  долги години  работат  и ќе најдат начин да помогнат и инвестираат  во спортот во Велес - рече Димовски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »