речник контакт

Ефремов атлетичар на Македонија за 2013

Велешанецот со своите резулати на 400 метри, немаше конкуренција во земјава во атлетика

Петар Печков

Кристијан Ефремов е најуспешниот алтетичар во Македонија за годината што заминува, според постигнатите резултати.

После успешните резултати на домашна и меѓународна сцена, македонските репрезентативци ги добија признанијата од Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Кристијан Ефремов кај мажите и Христина Ристеска кај жените се најуспешните атлетичари за 2013 година според Стручниот совет на АФМ.

Тие беа прогласени за најдобри во Македонија во “Маракана“ во Скопје. За најуспешен тренер е избран Ване Стојанов (АК Струмица), додека во екипна конкуренција е Влатко Димитров (АК Охрид).

Во младинска конкуренција најдобар е Ристе Пандев, додека репрезентативката Валбона Селими е најуспешна младинка.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »