речник контакт

Ефремов во Рио на Олимпијада со норма

Ефремов настапи во Лондон на Олимпискиот стадион пред 80 илјади луѓе, бројка која досега а и скоро во иднина ниту еден велешки спортист нема да ја достигне. Бројна фото галерија од престојот во Олимпиското село. Фотки и со Тони Паркер и Тони Блер...

Петар Печков

Среќен и задоволен се врати атлетичарот Кристијан Ефремов од штотуку завршената Летна Олимпијада во Лондон. Намсевката на лицето е поради резултатот од  47,92 секунди за колку ги ситрача 400-те метри. Со него го подобри  својот резултат за 34 стотинки и на крајот го зазеде  44-то место до 50 натпреварувачи. Веднаш по доаѓањето во родниот Велес, кој со гордост го испрати и со честитки го пречека, Ефремов се врати на крпената атлетска патека од Градскиот стадион, каде ја започна неговата кареира. Се оставри сонот, кој го сонуваше како дете од Атина 2004-тата,  дека и тој еден ден ќе учествува на Олимпијада.

Величествено беше чувството да се настапува на најголемиот спротски настан на планетата, меѓу  повеќе од 10 илјади спортисти. За мене секако нахвбозбудлива беше трката на 400 метри, Олимпискиот стадион преполн, 80 илјади луѓе кои ме понесоа да го ситрчам најдобро мое време во кариерата.  Впечатиливи беа и свеченото отворање и затворање. Второто можевме да го следиме во целост, доека певото само крајот, бидејќи дефилето беше тогаш - вели Ефремов

Со кого се зближи и контактираше.
          Се запознав со многу пријатели од целиот свет. На крајто од Олимпијата со австриската тркачка на 100 метри со пречки. Се сретнав со Тони Паркер и екс премиерот на Англија Тони Блер. Со коелгите атлетичари разменивме искуства. Блер додје на амсата акде ручав и праша дали и како се чувствувам во Лондон, дали е се добро, дали нешто недостига и фали. Нашиот тим беше сместен на последниот кат од една од зградите во Селото. Турците беа на првите седум ката, а меѓу нив и нас беше тимот на Свазиленд

За храната
         Ресторанот каде се храневме беше со димензии 200 на 100 метри или два пати поголем од фудбалско игралиште. Имаше огропмен избор штандови за секој контиент. Јадев најчесто од Европската  храна а пробав и од домашната Британска.  Таа ми остави најдобар вкус. Пробав и до останататите континенти, по некој нивен специјалитет.

Што гледаше во живо
 Сите финалиња во атлетика, нешто и од пливњето. Видов кога Фелпс освои злато со штафета и кога освои сребо во неговата дисциплина 400 мешано. Тоа беше голем шок за сите во Акватик центарот, сите занемеа. Бев и на Вембли на финалето Бразил Мексико.  Иако стадионот беше полн, ја немаше таа атмосфера од Олимпијскиот.  Имав можност да го следам Болт како се загрева во поттрибинскиот дел.

За плановите во кариерата
 Очекувам дека ќе учествувам и на Олимпијадата во Рио, каде можам да се натпреварувам само со норма. Од неа ми фали две секунди или за четири години да го подобрувам моето време за половина секунда, што не е невозможно. Се надевам дека ќе станам стипендист на Агенцијата за млади и спорт, па така ќе имам подбори услови  за подготовки. Да   потсетам од 10-те нивни стипендисти, ниту еден не се квалификуваше за Олимпијадата. Голема благодарност до градоначалникот на Велес бидејќи само општината ми додели финансиски средства за мојот настап во Лондон.  Сакам да настапам и на Светското првенство следната година во Москва и на Европското првенство во сала во Гетеборг Шведска. Се надевам и на добар пласман и на Медитеранските игри следната година во Турција. Овие денови кога сум дома, сите во Велес ми приоаѓаат и ми честитаат, ме храбрат, за што им благодарам.

За спринтерките
 Си ги купив сам во Лондон. Од МОК и Агенциајта за млади и спорт  ми ветија дека кога ќе се вратиме дома ќе ми дадат пари, останува да чекам и видам дали тоа ќе се случи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »