речник контакт

Жална судбина во „Соми Велтекс“

Билјана Смилева е една од армијата текстилни работнички. Две и пол години работи во велешката конфекција „Соми Велтекс“.

Никола Солев

Билјана Смилева е една од армијата текстилни работнички. Две и пол години работи во велешката конфекција „Соми Велтекс“. Таа е една од ретките која собра храброст пред камера да ја раскаже својата приказна. Се жали: Газдата не експлоатира како во најраниот капитализам. „Се плаќа само тоа што ќе изработиш. Друго ништо. Ниту прекувремени часови, ниту хранарина. А кога земаме плата потпишуваме дека земаме храна. Кога отидов да се пожалам на Трудова инспекција, рекоа дека тоа е приказна и дека ние за хранарината сме потпишувале. Јас потпишувам дека земам плата, а не хранарина“, вели Билјана Смилева, текстилна работничка. Пред неколку месеци Билјана добила алергија од конфекцискиот материјал и земала боледување. Тогаш почнале нејзините проблеми. Иако била здравствено осигурана добила плата од само 1250 денари. „Зошто некој не ме стимулира кога сум редовна на работа. Зошто не ми даде барем 500 денари стимулација, а кога сум нередовна ми ги крати парите. Со кое право, јас тие пари сум ги заработила со труд“ вели Смилева. Билјана е револтирана бидејќи во фирмата постоеле само казнени мерки. Дополнителната работа никогаш не ни ја плаќаат, вели таа. „Не може некој мене да ме експлоатира ако останам на боледување. Ако сум потпишала за одреден број работни часови, да ме остави повеќе од тоа, или ако веќе мора, треба да најави. Секој ден останував“, рече Билјана. Кога се вработувала во конфекцијата Билјана морала да потпише празен лист. Знаела дека газдата ќе го искористи за отказ кога ќе посака. „Ако јас не си дадам сама отказ, тој ќе напише дека сама се откажувам“, вели Смилева. Поради потпишаните празни листови, на неколку нејзини избркани колешки им пишувало дека си дале откази. Од „Соми Велтекс“ обвинувањата ги отфрлија како шпекулација. Оттаму велат дека покренале постапка против Смилева пред надлежни институции. Додека трае постапката, тие нема да давале никакви изјави. Од Конфекцијата не информираа дека Смилева веќе 10 дена ја нема на работа, а отсуството не го оправдала. Смилева е решена да ги бара своите права и преку суд. Свесна е дека работата во „Соми Велтекс“ ќе ја загуби, но се надева дека ќе ги охрабри колешките да не ја премолчуваат експлоатацијата. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=62275]A1[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »