Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2026
Фудбалерите на ФК Борец за влез во Втората лига ќе играат бараж со екипата на ФК Кожуф од Гевгелија. Натпреварот се игра на 30 мај во 16,30ч. местото дополнително ќе биде одредено.
Ова е ждрепката која денес, среда беше извршена во просториите на ФФМ. Кожуф се пласираше на 9-тото место од Втора лига. Во останатите разигрувања за Втора лига играат:
Тетекс – Влазними Струга
Каменица САСА – Еуромилк ГЛ
Победа Валандово – Камјани Камнењане
Вчера се одиграа квалификациите за Купот на ниво на ОФС Велес.
ФК Тополка го совлада ФК Младост со 3:1 а ФК Башкими во Чашка го победи ФК Борец со 3:2 на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 0:0.
Победниците ФК Тополка и ФК Башкими ќе играат четврток на игралиштето во Превалец, каде домаќин е екипта на ФК Тополка. Победникот ќе игра со екипа од регион, Прилеп, Кавадарци, Hеготино а победникот ќе се пласира во 1/16 на Купот на Македонија.
| Tweet |




