речник контакт

Железничка несреќа во Лозово, едно лице полесно повредено

Полицаец сакал со автомобил да мине преку обезбеден железнички премин пред возот, ама бил удрен

Петар Печков

Попладнево  во населбата Лозово,  се случи железничка несреќа, кога воз удри во автомобил. Несреќата се случила околу 17 часот, кога возот кој сообраќал на релацијата од Велес за Штип удрил во возило марка голф, со штипски регистарски таблички, на обезбеден патен премин во населбата.

Во автомобилот биле две лица а од ударот помладиот се здобил со повреди и бил пренесен во велешката болница. Патниците од возот сведочат за настанот, кој видно ги вознемирил.

Возот долго свиреше, што ме зачуди па почна да кочи. Видов низ прозорот кога го удри автомобилот марка голф со сина боја. Среќна околност е што возот не возеше брзо, оти тука беше железничка постојка и сопираше, за патниците. Од колата излегоа две лица, разбравме биле татко и син. Детето беше повредено и го однесоа веднаш во болница – вели патник од возот.

Во патничкиот воз, нарешен ,,шпанец, имаше околу 20-тина патници кои  чекаа 3,5 часа за да заминат за Штип и Кочани.  Дел од жителите на Лозово беа собрани близу преминот и раскажуваа за настанот. Никој од нив не бил очевидец. 

Слушнавме силно и долго свирење, кочење, удар. Кога излегов го видов автомобилот марка голф,  како е удрен. Од него излезе соселанец, кој работи како полицаец. Ете и они не  ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Синот беше со него, имаше  повреди . И отидоа за Велес во Болница. Среќа е што возот влегувал на стојалиштето и не возел брзо  – вели жител на Лозово. 

На местото на настанот беа  екипи на полиција, јавен  обвинител и претставници на ЈП МЖ. Тие информираа дека патниот премин во населбата Лозово е обезбеден со сообраќајни знаци. 

Дежурниот доктор од Општата Болница во Велес д-р Влатко Вишинов изјави дека кај нив  дошле двајца пациенти, татко и син од Лозово, полесно повреден бил малолетникот, на возраст од 15 години. Тој бил третиран и минал само со неколку полесни  повреди нагмечувања и посекотини, па по барање на родителот бил пуштен на домашно лекување. 

Пред два месеци на оваа пруга, во блиското село Сарамзалино кога автобус минеше на обезбеден железнички премин, при спуштени рампи беше удрен од патнички воз а беа повредени 32 лица.  ЈП МЖ заради превентива започна да ги снима со видео камера најфреквентните железнички премини во земјава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »