речник контакт

Железничкиот сообраќај во прекин, штрајк на железничарите

После 12 часот воз ниту тргна, ниту стигна до Велес

Петар Печков

Вработените  од ЈП МЖ Транспорт, машиновозачите, кондуктерите, осбојето кое работи на проверка на вагоните при поаѓање е во штрајк.

  Товарниот сообраќај е во прекин цел ден, додека по 12 часот престанаа да сообраќаат патничките возови.  Ниту еден воз кој е кон  Велес и од Велес ниту тргна ниту пристигна. последен кој возеше е локалот од Велес кон Скопје ,кој поаѓа нешто пред  12 часот.

Потоа патничките возови не сообраќаат.  Единствено е пуштен патничкиот кон Битола, која наместо во 14,30ч. тргнал во 16ч. Сите останати се откажани на недоредено време.  Во меѓувреме директорот Оливер Деркоски е сменет а за  в.д е поставен Никола Костовски.

 Одлуката за бојкот е откако вработените  бараат потпишување колективен договор, почитување на Законот за работни односи во делот на исплата на плата и на пресметката на бенефицираниот стаж, како и техничка исправност на железничките возила и безбедност во железничкиот сообраќај.  

Бојкотот почнал завчера со намалување на обемот на товарниот превоз, а по неуспешната средба вчера претпладне со раководството на МЖ „Транспорт“, синдикатот ја реализираше одлуката за прекин и на патничкиот сообраќај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »