речник контакт

Жена која била во љубовна врска со маж, по семејно насилство врз неа, го избола со нож и запалила

Станува збор за случајот, по пронајденото тело со изгореници во Кавадарци. Жената добила притвор

Петар Печков

МВР денес соопшти дека ја уапсила М.Б. (51 год) до Кавадарци, заради сомнение дека сторила убиство.

„На 6 септември  осомничената М.Б.  била во домот на И.М.(70 год ) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото“ - соопштија од МВР. Во текот на вчерашниот ден 28 септември, таа била уапсена.  ОЈО Кавадарци со писмено соопштение.

„Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи. По расправија во куќата на оштетениот, започнала физичка пресметка меѓу нив  во која сега починатиот ја удрил осомничената по лицето, а таа му скршила филџан од главата. Тој ја фатил за косата и ја влечел кон бањата. Осомничената дофатила кујнски нож од масата со кој му задала неколку убоди во пределот на стомакот и градите. Од ударите жртвата паднала на подот, по што осомничената продолжила да му задава убоди додека не престанал да дава отпор. Потоа врз неговото тело истурила ракија и средство за дезинфекција и го потпалила. Оштетениот кој се уште бил жив се обидел со рацете да го изгасне огнот што горел по неговото тело, но од убодите и изгорениците кај него за кратко време настапила смрт“- пишува во писмената информација.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека во конкретниот случај постои очигледна опасност осомничената да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »