речник контакт

Жена нападната и ограбена на ден пладне на Железен мост

За потсетување, две лица исто така нападнаа жена кај стариот театар пред два месеци и одземаа чанта

Петар Печков

Понеделникот на ден пладне велешанка нападната и ограбена на Железен мост. Дрската кражба ја сториле две лица. Повеќе информации од МВР.


„На 27-ми декември, околу 15.30 часот во СВР Велес, Н.М.(46) од Велес пријавила дека на „Железен мост“ две лица со употреба на сила и ја одзеле чантата“- соопшти Верољуб Додевски, порпарола на СВР Велес.

Од полицијата додаваат дека  преземаат мерки за расчистување на случајот.

За потсетување на случајот до пред два месеци. На 12-ти октомври  20.30 часот А.М.(84) од Велес беше нападната  ул.„Петре Прличко“  од две лица кои и ја одзеле чанта со пари и лични документи. Жената била во друштво со ќерката а настанот се случил пред зграда кај стариот театар. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »