речник контакт

Жена од Бистрица била ограбена од тројца разбојници

Пред два месеци идентичен случај во селото Оморани

Петар Печков

Жена, која живеела сама во куќа  во селото Бистрица, била нападната додека спиела  а потоа и ограбена. Три масирани лица со закана по живот и со употреба на сила и одзеле пари, која таа ги чувала дома.  

„На 15-ти декември, околу полноќ , З.Ѓ. (71 год) од село Бистрица пријавила во СВР Велес, дека во нејзината куќа, каде живеела сама, е физички нападната. При тоа и биле одземени  пари“ - соопшти Верољуб  Додевски, портпарол на СВР Велес.

Од СВР Велес информираат дека бил извршен увид од страна на полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За потсетување пред два месеци,  жител на село Оморани  бил огрaбен , откако непознати лица влегле во неговиот дом и по закана по живот и го натепале но и ограбиле.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »