речник контакт

Жена од Каратманово итно префрлена на ГОБ 8-ми Септември, во Велес нема нови случаи со ковид-19

На Инфективно одделение има 26 пациенти, 12 од Свети Николе, седум од Велес, четири од Кавадарци и три од Неготино.

Петар Печков



Во Велес и велешко денес нема нови случаи на позитивни од ковид-19, ниту оздравени, според соопштението од Министерството  за здравство. Така состојбата останува како и вчера со активни  32 лица. 

На Инфективното одделение од Општа Болница Велес денес има зголемен број на пациенти кои се хоспитализирани, има ново примени од Свети Николе и Кавадарци по двајца. Таму вкупно број на лежечки пациенти е 26 од нив 22 се потврдено позитивни, 4 се сомнителни. На кислородна поддршка има шест пациенти.

Една пациентка од село Каратманово на 66 годишна возраст, водена како сомнителен случај,вчера вечер  итно е транспортирана во ГОБ 8-ми Септември, во тешка општа состојба. Таа се води како сомнителен случај, и се чекаат нејзините резултати од земениот брис.  

Викендот две жени, на 65 годишна возраст итно беа префрлени од Инфективно одделение на Инфективна клиника во Скопје, едната од Велес и втората од Свети Николе, поради влошеана здравствена состојба. Пациентката од Свети Николе ги имала сите симптоми на ковид-19, но била негативна од земениот брис.

На Инфективно одделение  во Општа Болница Велес, има 26 пациенти,  седум од Велес, 12 од Свети Николе, четири од Кавадарци и три од Неготино.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »