Петар Печков
Објавено: петок, 15 мај 2026
Вчера, четврток на пладне, жена од околината на Градско била измамена за 4 илјади евра. Таа добила повик дека на ќерката и е потребна итна операција која треба са се плати. Откако платила во дворот на болницата, сфатила дека е измамена.
„На 14 мај во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна од село во општина Градско, пријавила дека била измамена за сума од 240.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница. Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите“ – информираа oд СВР Велес.
Жената подоцна сфатила дека е измамена, па го пријавила случајот во полиција. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
| Tweet |




