речник контакт

Жена пешак, се здобила со тешки повреди, од камион на Којник

Причините за незгодата ќе бидат дополнително утврдени

Петар Печков

Во петокот претпладне се случила сообраќајна незгода, која била на месноста плоштад Којник. Повеќе информации од МВР.

„На 18-ти февруари околу 10.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(42) од село Грчец, скопско, удрило во М.Н.(76) од Велес“- соопштија од МВр.

М.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Велес. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес, која ќе ги утврдува причините за несреќата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »