речник контакт

Жена почина откако се преврте трактор

Со сопругот оделе на нива да работат тутун

Петар Печков

Анастасија Ѓ. ( 64 год) од Велес почина откако се преврте тракторот со која таа се превезувала. Несреќата се случила средата наутро околу 8,30  ч. во селото Белештевица, кога таа со сопругот  С.Ѓ. (64 год)  тргнале на нива да го работата тутунот. По пат, на лош земјен тракторот кој го управувал  С.Ѓ. се првертел и двајцата се нашле под него.  

Страшо дојде целиот испаничен, рече дека се превртел тракторот, тој минал со помали повреди а жена му со потешки. Ја качивме на друг трактор и ги испративме за Велес, оти сме далеку и немам пат до селото. Јавивме до Брзата помош. Тие се сретнале во село Раштани – објаснија селаните од Белештевица.

Додаваат дека брачниот пар преку лето работеле земја во близина на селото и дека биле стечајци, чекале на есен да добијат пензија.    

Кога доктор на  Итната  помош ги пресретнал во селото, констатирал дека Анастасија е почината а нејзиниот сопруг имал полесни повреди, но сепак бил префрлен до велешката Болница од каде подоцна е отпуштен. Тој бил видно потресен од несреќата и загинувањето на неговата сопруга, за која верувал дека ќе биде спасена, додека ја превезувал во тракторот.  

МВР го потврди настанот, информираше дека нивна увидна екипа била на терен и ќе истражува како дошло до превртувањето на тракторот, додека по наредна на ОЈО телото на починатата е префрлено на обдукција да се констатираат причините за смртта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »