речник контакт

Жена пријавена за исчезната, пронајдена дома во лоша здравствена состојба

Жената е хоспитализирана на невропсихијатрија од велешка болница

Петар Печков


Партнерот пријавил дека жената со која живеел во неформална брачна заедница неколку дена  не била достапна на мобилен.  Двете лица кои биле  во вонбрачна заедница, живееле одвоено, секој во својот дом. Детали од информацијата на СВР Велес.

„На 26 декември  во 15 часот во СВР Велес, И.П.(70 год) од Велес пријавил дека неговата невенчана сопруга Е.Д.(59 год) од Велес, лице со здравствени проблеми, неколку дена не била достапна на нејзиниот телефон и дека последен пат била видена на 21.12.2023. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Велес ја пронашле Е.Д. во нејзиниот дом во Велес во неконтактибилна состојба“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето било пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

„Во текот на вчерашниот ден на одделението за невропсихијатрија е хоспитализирана па пациентка на 59 годишна возраст. Дадена е терапија и се следи нејзината здравствена состојба“ - информира Марина Андова задолжена за односи со јавност при Општа болница Велес.

За настанот бил известен Центарот за социјални работи Велес. Полицијата најавува дека  работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »