речник контакт

Жена се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил близу мостот Гемиџии

По извршениот увид ќе се знаат пшричините за сообраќајката

Петар Печков

Вчера, среда напладне, во близина на  мостот Гемиџии се случила сообраќајка, а жената пешак  се здобила со тешки телесни повреди.  Прва на помош притекнала екипата на итната помош.

„Во 10,55 има пријава за повреден пешак, жена, која е згрижена,  со повреда на нога и рака и префрлена на ортопедија од велешка болница“ - соопшти д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом. 

„На 6 септември  околу 11 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К.(67 год) од Велес, удрил во пешакот Т.Ч.(60 год) од Велес“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол нa СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »