речник контакт

Женски лица од маркет украле стока а во друг случај од касата пари

И во двата случаи сторителките биле уапсени

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, четврток, во два одвоени настани, во продавници во Велес, женски лица украле предмети но и пари од касата. Сторителите биле откриени. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.

„На 04 април  во 12.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во продажен објект во Велес, две малолетнички одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР ВЕлес.

„На 04 април во 15.50 часот СВР Велес било пријавил дека во продажен објект во Велес женско лице одзело пари. Лицето било пронајдено, а парите се вратени на сопственикот“ – дополни Ѓаковска.

По документирање на настанот и за двата случаи  ќе следува соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »