речник контакт

Женскиот фудбалски клуб Борец и педесетина девојчиња вклучени во меѓународен проект

"Создаваме животни шампиони" е проектот кој го работи Развојниот центар Белград

Петар Печков

Женскиот фудбалски клуб „Борец“ го промовираше проектот "Создаваме животни шампиони" Во него е  вклучен ЖФК Борец како прв женски клуб, во кој учествуваат  фудбалски клубови од Балканот и Европа.  Од Македонија вклучен е и ФК Академија Пандев.

„Го работиме овој проект за доброто на овие млади деца, девојчиња. Се надевам дека повеќето од нив ќе се реализираат како спортистки и ќе успеат во остварување на нивниот сон. Спортот е најважен за психофизичкиот развој на едно дете и да почне од рана возраст“- кажа Кирил Лазов претседател на ЖФК Борец.

„Нема машки и женски спорт. Тој подеднакво ги развива сите. Секоја возраст носи одговорност. Девојчињата преку оваа програма сакаме да ги задржиме во клубовите. Сакаме и да го смениме односот на тренерот кон девојчињата, тој е втор тако и затоа треба да им помогнат да станат добри личности“ рече Ленче Алексовска Величковска декан на Факултетот за физичко образование и спорт.

Беа презентирани  бенефитите од  фудбалската игра и тренинзи, како и спортските кампови за обука и едукација како на тренерите така и на девојките кои веќе се и за оние кои ќе бидат дел од овој клуб.

„Децата спортисти повеќе веруваат на тренерот отколку на родителот. Тие побргу нему би се доверител отколку на некој друг. Затоа во овој  проект во центарот е тренерот.  Тие барат до 16 година да се укине натпреварувачкиот карактер, оти децата треба да уживаат во спортувањето, нема потреба од ривалитет,  децата се гледаат како противници, се создава непотребно ривалитет. Тие во спортот треба да уживаат, да патуваат, да се забавуваат, да се запознаваат, да научат нешто ново. Нашите кампови не се за да се натпреварувате, таму малку тренирате, малку учите,  да ги оттргнеме децата од дигиталните технологии“ Александра Кнежевиќ од Развојниот центар Белград.  
Беа  презентирани активностите на проектот. Првата активност во месец мај е обука за тренери, а потоа кон крајот на месец јуни ќе следи и бесплатен камп за девојките кои тренираат фудбал со сите спортски и едукативни активности, камп кој ќе биде од меѓународен карактер. Првиот е на Палиќ- Суботица, вториот на Златибор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »