речник контакт

Животни кои се се поретки на планетата Земја

Во време на глобално затоплување и често неодговорно однесување на човекот, голем број на разни видови на животни стануваат загрозени. Амурски леопард, Јавански носорог, Јужнокорејски тигар, Слон и Орангутан од Суматра

Петар Печков

Кога се зборува за загрозени видови, обично се помислува на панди. Сепак, судејќи според податоците на Фондот за заштита на животот во дивина, иако пандата е загрозена, таа не спаѓа во групата на најзагрозени животински видови. Најзагрозени се некои други животни, за чија загрозеност не сме свесни. Да се обидеме да ги запознаеме.

Амурски леопард

Амурскиот леопард е едно од најзагрозените животни од родот мачки и се проценува дека во овој момент има само 30. Иако другото име за ова животно е сибирски леопард, освен во Русија тие можат да се најдат и на шумски и планински терени на северниот дел на Кина. Интересно е да се наведе дека ова фасцинантно животно може да трча со брзина од 60 км на час, како и да скокне 6 метри во далечина и 3 метри во височина.

Јавански носорог

Јаванскиот носорог е животно и на Земјата ги има само 35. Во минатото ова животно ја населувала речиси цела Индокина, додека денес живее само во еден природен парк на Јава. Интересно е да се наведе дека, иако јаванскиот носорог не е повисок од 2 метри, неговата тежина може да достигне и до 2500 кг. Инаку, на списокот на загрозени видови на Фондот за заштита на животот во дивина се наведуваат дури пет различни видови на носорог од кои три вида се критично загрозени. Покрај јаванскиот, тука се и црниот и суматранскиот носорог.

Планинско горило

Планинските горила, како што сугерира името, живеат во шуми во високи планини на надморска височина од 2500 до 4000 метри. Тоа што е специфично за овој вид на горило е дебелото крзно, кое им помага да преживеат во услови на ниски температури, кои можат да бидат и под 0 степени Целзијусови. Се оценува дека денес ги има само околу 800 единки од овој вид.

Саола

Саолата, често нарекувана и азиски еднорог, за пошироката јавност не е познато животно, а може да се најде во Виетнам и Лаос. Овој единствен цицач едно време се сметал за изумрен по истражување спроведено во 1992 година. Сепак, саолата подоцна повторно била забележана, но не се знае точно колкава е популацијата на ова животно.

Јужнокорејски тигар

Јужнокорејскиот тигар е животно за кое се претпоставува дека повеќе не постои ви дивината, туку само во зоолошките градини. Во почетокот на 50-тите години во шумите во Кина постоеле околу 4000 вакви тигри, но тогаш од страна на режимот на Мао Цетунг било прогласено за штетно, па се покренале организирани кампањи кои воделе кон истребување на оваа елегантна мачка.

Слон од Суматра

Слонот од Суматра е признат подвид на азискиот слон кој живее на островот Суматра. Ова животно, чија тежина е околу 5 тони, е многу корисно за шумскиот еко систем. Имено, додека се храни со растенија, овој слон воедно и ги разнесува нивните семиња, па загрозеноста на овој вид се заканува да го наруши целиот еко систем. Денес се проценува дека во природата живеат околу 2500 суматрански слонови.

Орангутан од Суматра

Суматранскиот орангутан е животно кое живее на дрвја на тропските дождливи шуми. Во минатото овој орангутан можел да се најде во цела Суматра, како и на поголемиот дел од островот Јава, додека денес го има само на некои делови на Суматра. Ова животно сака да живее во друштво, па често во големи групи посетува плантажи на овошје, пред се смокви. Се оценува дека ги има околу 7000 единки.

Тигар од Суматра

Суматранскиот тигар е уште еден загрозен вид на животно од Суматра. И покрај законската заштитеност тој и понатаму е исклучително загрозен, бидејќи на Суматра упорно расте пазарот на кој се продаваат делови од ова прекрасно животно. Инаку, овој тигар е најмал преживеан подвид на тигар, чија тежина е околу 100 кг. Се претпоставува дека денес ги има помалку од 400 единки.

Западно низиско горило

Западно низиското горило е распространето по голем дел на Африка, па на прв поглед може да се помисли дека не е загрозен вид. Сепак, попрецизните податоци покажуваат големи и нагло намалување на популацијата на ова животно, кое во изминатите 25 години се намалило за дури 60 отсто. Инаку, овој вид на горило се разликува од другите горили бидејќи е помал, со типично темно кафено крзно и костенести гради.

Вакита

Вакита е загрозен вид од семејството на мали китови. Ова животно е долго околу 1,5 метро, а тешко до 60 кг. Повеќето вакити имаат сив или црн горен дел од телото, со светла нијанса на градите. Инаку, вакита е ендемски вид кој може да се најде само во Калифорнискиот залив и се претпоставува дека се помалку од 200 единки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »