речник контакт

Жител на село Дреново се удави во езерото Лисиче

Б.И. (52 год) ловел риба заедно со другар, иако риболовот во езерото е забранет. Скокнал во водата и не излегол

Петар Печков

На Илинден околу пладне, жител на  велешкото  село Дреново, се удави во вештачкото езеро Лисиче. Таму ловел риба со негов  другар, иако ловот на езерото е  забранет.

На 2-ри август,  година во 12,30 часот на браната „Лисиче“ над село Лисиче Општина Чашка, додека ловеле риба Ѓ.Ј.(58) и Б.И. (52) од село Дреново, во езерото виделе тапа за ловење риба. Б.И. скокнал во водата за да ја извади, по што потонал и не се појавил на површината. На местото на настанот биле упатени служби од СВР- Велес, а ангажирани биле и припадници на Единицата за специјални задачи за пронаоѓање и вадење на телото. Во 18,15 часот телото било пронајдено и извадено од езерото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб – стои во информацијата на МВР.

Од раководството на ХС ..Лисиче,, потсетуваат дека риболовот на ова вештачка акумулација е  забранет.  Верување кај постарите жители е дека на Петровден и Илинден не се капе во езера и реки. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »