речник контакт

Жител на Бузалково се обидел да поткупи полицаец

Настанот се случил на граничен премин Долно Блаце

Петар Печков

Жител на село Бузалково се обидел да поткупи полицаец на граничен премин. Поднесена му е кривична пријава.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Џ.(48 год) од Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп’’. На 27 ноември, годинава,  на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, пријавениот на полициски службеник му понудил поткуп од 50 евра за да пушти лице од Бузалково за кое има „Судска забрана за излез од РСМ”- соопштија од МВР.

Кривичната пријава била поднесена од ОЈО Скопје кое отворила истрага по овој предмет.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »