речник контакт

Жител на Велес почина од срцев удар додека возел по автопат низ Италија

Кољо Митев успеал да го сопре камионот цистерна пред да предизвика експлозија

Петар Печков

Жител на Велес, Кољо Митев ( 50 год),  родум од Јосифово почина на 8-ми февруари во Италија на автопат. Според пишувањето на локалните медиуми во регионот на  Авелино, тоа се случило на делницата од автопатот Авелино-Салерно. Тој успеал да сопре иако имал здравствен проблем и да спречи експлозија, оти возел цистерна.

„ 50-годишник погоден од инфаркт   додека возел цистерна.Трагедија се случила кај крстосницата на автопатот Авелино - Салерно, каде што 50-годишен Македонец бил погоден од здравствен проблем  додека  возел цистерна. Меѓутоа, возачот, кога почнал да ги чувствува првите проблеми, забавил, а потоа се повлекол на  стојалиште на раскрсницата во Серино. Тој потоа починал. На помош дошла лекарска екипа, но констатирала смрт“ - пишуваат тамошните медиумите.

Митев кој со семејството живеел во Велес последните 25 години, денес е погребан.

Ова не е прв случај возач на камион да почине додека вози. Додека управуваше камион, по автопат во Германија, почина   Аце Маневски (62 год) од Велес,  подоцна е констатирано од срцев удар. Настанот се случи на 2 декември 2020-та.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »