речник контакт

Жител на Горно Врановци нападнал полицаец, додека тој бил на работна задача

Лицето било приведено во полициска станица

Петар Печков

Четвртокот попладне, жител на Горно Врановци, нападнал полициски службеник. СВР Велес со деталите за инцидентот.

„На 2 ноември   во 15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Ј.(43 год ) од село Горно Врановци, општина Чашка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »