Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јули 2020
Во неделата попладне, жител на Градско се удавил во водите на вештачката акумулација, езеро Подлес.
Настанот се случил на 19-ти јуни, околу 18ч. кога Т.М. ( 53 год) од Градско бил со семејството на излет на езерото.
Седеле на летниковците, кога тој потрчал во водата да се освежи, влегол и по некое време неговото тело било на површината од водата.
Била повикана екипа на Итната помош, која констатирала смрт кај лицето Т.М. информираше портпаролот д-р Страхил Тодоров. Од СВР Велес го потврдија настанот.
Телото на давеникот било предадено на семејството, по наредба на јавен обвинител и нема да се врши обдукција.
Tweet |