речник контакт

Жител на Долно Јаболчиште тешко повреден при сеча на шума

Се повредил во опожарена шума во околина на Пехчево

Петар Печков

Четвртокот на пладне, при сеча на шума која беше летово опожарена од големит шумски пожари, во околина на Пехчево, жител на Долно Јаболчиште се здобил со тешки повреди.

„На 27.-ми јануари  во 12.40 часот било пријавено дека околу 11.30 часот на место викано „Дервен“, на шумска парцела во атар на село Умлена, пехчевско, при сеча на опожарена дрвна маса со   тешки телесни повреди се здобил Џ.М.(36) од Долно Јаболчиште, велешко“ - соопштија до МВР.

Повреденото лице  било пренесено во Медицинскиот центар во Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »