речник контакт

Жител на Лозово излетал со автомобилот од пат и се здобил со тешки повреди

Поради специфичноста на повредите пренесен е на Клинички во Скопје

Петар Печков

Вторникот попладне, жител на Лозово излетал со автомобилот  од  патот и се здобил со повеќе скршеници. Поради специфичноста на повреди пренесен е на Клинички во Скопје.

На 28-ми април во 16.50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип  лицето В.С.(47) од село Лозово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот -  пишува во соопштението на МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош.

Во попладневните часови примен е пациент извршени се снимања и констатирани скршеници на ребра и карлица. Поради здобиените повреди е префрлен на Клинички во Скопје - информираше д-р Весна Николовска Неделкова.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »