речник контакт

Жител на Мелница управувал автомобил, учествувал во сообраќајка а немал возачка дозвола

Во сообраќајката учествувале автомобили марка алфа ромео и мицубиши

Петар Печков

Вторникот попладне се случила сообраќајка, во која учествувале две патнички возила. По извршената контрола, едниот возач немал положено за управување автомобил. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 12. Мај  во 14:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(36 год) од село Мелница, општина Чашка. Претходно, на крстосница од улиците „Васил Главинов„ и „Киро Ќучук“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А. и патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 42-годишната М.Д.У. од Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.А. го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »