речник контакт

Жител на Студеничани при бегство поради кримчарење на мигранти, повредил двајца полицајци и ја оштетил рампата на наплата станица

Со неговото возило С.Е превезувал осум мигранти од Сирија. Уапсен е на Пуста кула

Петар Печков

Во средата попладне било уапсено лице, кое превезувало мигранти. Потерата по него  започнала од кај наплатната рампа Демир Капија а  бил уапсен на Пуста кула, кај зимскиот пункт на ЈП Македонија пат.

„На 12 септември  околу 15.10 часот на автопатот Велес– Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Е.(24 год) од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е.. Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а при бегството удрил и во рампа од наплатната станица Отовица“ - соопштија од МВР.

С.Е. бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во прифатно –транзитениот центар Винојуг.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »