речник контакт

Жител на велешко село пријавил во полиција изнуда од лице од Кавадарци, кај кого се задолжил

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Петар Печков

Жител на велешко село пријавил во полиција изнуда од лице од Кавадарци, кај кого се задолжил. Му барал камата поголема од договорената но и возилата кои ги задолжил.

„На 17 ноември  во 14.30 часот во ОВР Кавадарци, 39-годишен маж од велешко село пријавил дека во 2022 година од лице од Кавадарци земал пари со камата, направиле и нотарски купопродажни договори за неговите возила како гаранција дека ќе биде вратен долгот. Според пријавеното, кавадарчанецот за заемот му наплаќал несразмерна камата и побарал до 17.11.2023 да му бидат исплатени паричните средства кои му ги дал и да му ги даде возилата“ - соопштија од МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »