речник контакт

Жител на населено место близу Велес, остана без 150 илјади евра, откриени на граничен премин Прешево (фото)

На Прешево 72-годишник од околината на Велес остана без речиси 150.000 евра, кои се обидел да ги префрли преку граница без да ги пријави

Петар Печков

Српските царинарници саботата,  на 5-ти јуни,  на граничниот премин Прешево од Србија кон Мкедонија, спречиле обид за криумчарење на безмалку 150 илјади евра. Овие пари, лицето се обидело да ги пренесе без да ги пријави.

Како што пишува во писмената информација на Српската царина, лицето на возрас од 72 години е откриено, кога пристигнал со автомобил „мерцедс“ со германски регистарски таблички, а тој се враќал дома, сам во автомобилот. На прашањето од царинарниците, дали има нешто да пријави, патникот рекол, дека нема освен личен багаж и дозволениот износ на пари.

Кога автомобилот бил издвоен за детален преглед, српските царинарници во џебовите од јакната, фрлена на задното седиште, пронашле пластична кеса со сноп пари, непријавени, во апоени од по 500 евра. Потоа со претрага, пари биле пронајдени и во несесери, скриени под возачкото седиште. После пребројуањето, било констатирано дека се работи за сума од 158 илјади евра. 

На патникот, родум од место во околината на Велес, спрема важечките прописи на Републиак Србија, исти како и на ЕУ, му биле вратени 10 илајди евра. За остатокот од парите  решавал надлежен суд во итна постапка. Одлуката била на патникот да му се изрече парична казна а 148 илјади непријавени евра, одат во Буџерот на Република Србија. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »