речник контакт

Жител на прилепско село фатен на дело како краде во Ореше

Полицијата се сомнева дека лицето е сторител и на други кражби во селото но и во Богомила

Петар Печков

Саботата пред полноќ полицијата уапсила лице во Ореше, како краде од куќа во селото. МВР со детали за акцијата.

„На 16 септември  во 23 часот во село Ореше, општина Чашка, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.С.(37 год) од село Десово, прилепско.  Тој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше. При преглед кај него, биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети. С.С. е осомничен и за други кражби на подрачје на село Богомила и село Ореше“ - соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот, полицијата против лицето С.С. ќе поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »