речник контакт

Жител на село Милино давал по три илјади за гласање за независен кандидат во општина Лозово

Под истрага се лицата кои примиле пари

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело  – Поткуп при избори и гласање.  Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Лицето Б.А.  од село Милино, општина Лозово, ( 50 год) давал по три илјади денари, за што издавал и каса прими.

„Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат.  Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај  осомничениот“ - соопштија од ОЈО Свети Николе.

Осомничениот  е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »