речник контакт

Жител на село Сливник со трактор го блокирал патот, не дозволувал минување, се заканувал

Била побарана интервенција од полицијата

Петар Печков

Петокот навечер, жител на селото Сливник, со неговиот трактор го попречил патот, па соселаните не кожеле да минуваат. Освен тоа им се заканувал, по што била побарана интервенција од полицијата. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 23.05.2025 во 20.45 часот, полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода Ј.М.(57 год) од село Сливник, општина Чашка, постапувајќи по пријава дека со трактор го блокирал патот во селото, не пуштал да поминат негови соселани и им се заканувал“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Ј.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него, полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »