речник контакт

Жители на Сливник и Бузалково превезувале мигранти

И двајцата заработија кривични и притвор. Првиот во камион превезувал 33 бегалци

Петар Печков

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. (25) од с. Сливник, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На  8-ми јануари годинава на патот Никуштак – Орланци  пронајдено е товарно возило Мерцедес со 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и двајца од Либија. Камионот  бил управуван М.М. Против него  е поднесена кривична пријава и одреден му е притвор од 30 дена..

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против С.М. (29) од Бузалково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 4 јануари  година, во с. Дедели, валандовско, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „БМВ“ управувано од пријавениот, а при прегледот се затекнати седум илегални мигранти државјани на Иран. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »