речник контакт

Жителите на Азот до Прилеп, иако е на само 40 км, патуваат со часови оти немаат пат

За да ги пласираат своите еколошки чисти земјоделски производи мора да стигнат до Велес а потоа до Прилеп

Петар Печков

Жителите на регионот на Азот  се во патна изолација. Имаат сообраќајна врска  само кон Велес, додека иако Прилеп им е преку планина да таму не можат да стигнат освен со воз, пат нема.  Проблемот е децениски. Овој дел во срцето на Македонија е  чист еколошки, нема фабрика, нема загадување, но нема начин како земјоделските прозиводи да се  пласираат на поширок пазар.

Така блиску, само 40 км,  а толку далеку е Прилеп, бидејќи регионот не е поврзан со пат  со Пелагонија. Оваа мака за седум илјади жители на општина Чашка не е од денес, тие со неа се судруваат со години. Поради ваквата состојба, жителите од Азот не се во можност нивните земјоделски производи да ги понудат на друг пазар освен велешкиот.

Иако сме во центарот на Македонија ние сме слепо црево, можеме да патуваме само за и од Велес со автомобил.  Азот е земјоделски регион  а се што ќе произведеме не можеме да го пласираме никаде на друго место освен во овој град. Имаме одлична еколошки здрава храна, произведена во подрачје каде нема ниту еден индустриски капацитет, нема загадување, истата е барана но што фајде кога поради транспортните трошоци не сме во можност да понудиме во западна Македонија, иако овој дел на земјава ни е најблизок – велат жителите од Азот. 

Есента 1994-та  започнаа градежни активности кај езерото Младост, се откупи земја, започна градба на пат  преку планината Бабуна но бргу  се запре и замре. За  да стигнат до Брод, Кичево, Прилеп, Кавадарци жителите од Извор, Богомила, Чашка  мораат да патуваат стотина километри плус, бидејќи мораат  преку Велес.

Можност за асфалтирање на патот во должина од 10-тина км за Прилеп, кај  селото Владиловци кој е пробиен од страна на  ЈП Македонски шуми тие  ја отфрлаат, оти тој пат бил  изграден за нивни потреби не за комерцијални.  За да стигнат на пазар во Прилеп и ги продаваат нивните земјоделски производи, теовски компир, богомилски грав, мед, по кои се познати, мораат да патуваат 50 км до Велес а потоа плус 90 км до Прилеп, иако преку планината Јакупица и Бабуна  до Прилеп се стигнува за половина час. Слично е и за Македонски Брод , Кичево до каде се патува со часови наместо за време кое се мери со минути.

Државата е должна да помогне, бидејќи колку само пари преку сечењето на дрвната маса од шумите на Азот има прибрано од нашиот регион. Од тие пари да одвојуваа, ќе се најдеше досега решение – констатираат жителите на регионот на Азот.  При неодамнешата посета на Чашка, прашaн за изгpадба на пат до Прилеп, министерoт за транспoрт и врски Горан Сугарески кажа дека има идеен проетк, но потребна е финансиска конструкција.

Да не се лажеме тоа е скап проект, за кој има идејно решение. Меѓутоа, пред да ја донесеме конечната одлука овој проект мора целосно да се ревидира за да можеме да аплицираме за средства- рече министерот Сугарески

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »