речник контакт

Жителите на Благој Ѓорев се жалат поради локацијата на кафитериите спроти Гимназија

Жителите на улица Благој Ѓорев, во делот каде се лоцирани бројните кафитерии во Велес не се задоволни од условите за живеење, поради што тие одржаа средба со претставници на надлежните инспекциски служби на локалната власт.

Петар Печков

Жителите на улица Благој Ѓорев, во делот каде се лоцирани бројните кафитерии во Велес не се задоволни од условите за живеење, поради што тие одржаа средба со претставници на надлежните инспекциски служби на локалната власт. Бројни се проблемите на кои тие се пожалија и побараа нивно решавање.

- Кафулињата кои работат спроти Гимназијата ја узурпираа зелената тревна површина и се раширија на поголем простор отколку што имаат добиено. Нивниот мебел е поставен преку цела година а не во рокот за кој имаат добиено дозвола. Патеките кои водат до влезовите се освоени од маси и столови, така што за да стигнеме во становите мораме да минеме преку гостите – се пожалија станарите кои присустуваа на состанокот. Тие посочија и на гласната музика која ги остава без сон како и на кафе бар кој цела година работи во балон за кој нема градежна дозвола. Тие се жалат дека им е одземено правото на нормален живот и загрозени се нивните слободи на  минување. Надлежните велат дека ги знаат овие проблеми и работат на нивно отстранување.

- Не е поднесена ниту една прекршочна пријава туку сопствениците на кафетериите се задолжени парично да ја платат штетата за узурпираниот и оштетен зелен појас. Што се однесува до гласната музика, колешката од инспекторатот за животна средина во неколку наврати ненајавено ги има  посетено кафетериите и во еден случај системот е пломбиран на неколкудневна забрана за емитување музика – изјави Златко Димов комунален инспектор во општина Велес.

Присутните станари не добија одговор зошто во периодот ноември-март се поставени маси и столови на отворено иако сопствениците за тој дел од годината немаат дозвола и зошто тие не се отстранети. Немаше одговор ни од градежниот инспектор зошто кафе бар лоциран во балон, за кој нема дозвола, работи непречено една година. За овие проблеми на станарите известена е полицијата поради два основи работа надвор од работно време и нарушување на јавен ред со гласна музика а од таму велат дека за решавање на проблемот ќе треба заеднички настап со инспекторите на пазарната и трудовата инапекција. Сопствениците  на кафетериите кои беа присутни на состанокот објаснуваат дека тие работат по законот.

- Имаме секојдневни контроли така што мораме да ги почитуваме законските прописи. Казните се високи а ние немаме толку многу пари да работиме само за санкциите. Докажано е дека само 25 отсто од гласната музика е од системот, остатокот е комунален звук, од  сообраќај, врева од луѓе – изјави сопственик на кафе бар. Тие како решение понудија зелениот простор  пред објектите да се преуреди и дел од него во законските еден и пол метар да се отстапи за патеки за станарите за да можат непречено да одат до дома, за да не минат низ угостителските објекти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »