речник контакт

Жителите на Бузалково бараат водовод а од Сливник пат

Градоначалникот Чадиев вели проблемите наскоро ќе бидат решени

Петар Печков

Жителите на село Бузалково се судруваат со недостаток на квалитетна вода за пиење. Тие бараат овој проблем што поскоро да го реши локалната власт.  Селото брои 300 куќи и има околу две илјади жители.  Водата од сред село, од чешмата е подолго време забранета за пиење.   

За нас приоритетно е да добиеме вода за пиење.  Таа  што ја имаме е од бунари, секој дом има пробиено, но не е испитана, дали и колку  квалитетна.  Има бројни случаи на болни од нездрава вода за пиење. Немаме ниту доктор, па мораме до Велес да патуваме – велат жителите на село Бузалково.   

Жителите од блиското село Сливник пак барат асфалтиран пат до нивните домови.

Останаа неколку километри неасфалтирани до нашите куќи. Мораме по калливи приоди да доаѓаме. Подолго време го бараме  ова да се заврши, но никако да дојдеме на ред.  За тие што не веруваат им порачуваме да дојдат до селото  и почувствуваат какво е неговиот не квалитет – велат мештаните. Селото Сливник брои околу 700 жители.  

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев вели дека токму на овие два проблеми локалната власт работи и наскоро проблемот со водата за пиење за Бузалково и пат за жителите на Сливник ќе се реши.  

 Во тек е изработка на  целокупна документација за водоводната мрежа во село Бузалково  а со која ќе се снабдуваат и жителите на село Раштани.   Основниот проект е изработен останува уште инфарастуктурниот  по што ќе се премине на изградбата.   Во село Сливник сработивме три големи проекти. Комплетно го осветливме,  изградивме водовод и изградивме современо училиште кое е комплетно опремено. Со жителите се договоривме приоритет да биде изградба на канализација. Но имаме проект преку Владата, пат  во должина од 6 км.  Жителите на Сливник избраа, инсистираа дека сакаат до Велес да стигнуваат преку Горно Оризари, не преку Бузалково, иако таму е поблиску. Очекуваме дека проектот ќе биде одобрен и патот ќе биде изграден – изјави градоначалникот Чадиев.     

Инвестицијата водовод до седло Бузалково и Раштани  чини 12 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес. Патот до село Сливник според проектот кој ќе оди преку државни пари чини 32 милиони денати. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »