речник контакт

Жителите на Извор бараат лекар во населбата

Градоначалникот на Општината Чашка ги повика докторите да дојдат да работат во руралнтеи средини, оти таков проблем има и во Богомила а потребни се и аптеки

Петар Печков

Жителите на  населба Извор бараат доктор. Реагираат дека за најмала настинка мора да патуваат 25км. до Велес А среде село има прекрасна зграда на поранешниот Здравствен дом, која сега е празна. Во неа два пати месечно доаѓаа во посета рурален доктор. При неодамнешатна посета на Извор, на министерката за труд и социјала Мила Цараовска жителите и се пожалија за ваквата состојба.  

До пред 5-6 години имавме лекар во Извор, но тој си замина. Сега за обична настинка мораме до Велес, и минеме 25 км. Ни треба амбуланта која ќе работи барам три пати неделно, потоа аптека - кажа Славица Стојанова.  

Амбулантата не работи од 2008-ма. Кога ја направија се ново донесоа, стоматолошки апарати, лабораторија. Сега се се` распадна, нема човек, и таа пропаѓа, а имаме потреба од доктор, не само од Извор туку и од селата бараат  - вели Борис Јакимовски, кој бил вработен на одржување на здравствената амбуланта до 2007-ма кога се пензионирал.   

Градоначалникот на Општината Чашка кажа дека таков проблем има и во населба Богомила.

Ова проблем на нивно на држава. Имаме прекрасна амбуланта во центарот на населбата. Апелирам  до сите лекари, иако има дефицит на доктори во земјава, наместо да заминуваат да се пријават на огласите за овие рурални средини. Цел Азот нема лекар и амбулантите со ангажирање доктор  нема да останат на забот на времето, да се оштетуваат - рече градоначалникот Горан Стојановски. 

Токму при посетата на населбата имаше посета на рурален доктор, кој два пати месечно доаѓа во Извор. Во средата  имале 10 прегледи, повеќето од повозрасните жители. Пациентите беа примени во зградата каде претходно биле докторите. Можеше да се забележи  дека имале освен лекар и  стоматолог, лабораторија. Зградата сега е оставена на времето. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »