речник контакт

Жителите на Ореше се жалат дека нема од што да живеат

Жителите на велешкото село Ореше се жалат дека единствената дејност од која живеат, сточарството, може да изчезне, откако откупувачите не покажуваат интерес за нивното млеко и стока.

Петар Печков

Жителите на велешкото село Ореше се жалат дека единствената дејност од која живеат, сточарството, може да изчезне, откако откупувачите не покажуваат интерес за нивното млеко и стока. Сместено во пазувите на планината Козјак, опколено со букова шума, на надморска височина од осумстотини метри, селото нема можност за друга дејност ниту површини за земјоделие.

- Од нас сите кренаа раце, така што немаме каде да го продадеме млекото или месото од јарињата и телињата. Најблискиот откупен центар е селото Согле, еден час далеку од нас. Се обидуваме со откупувачите и преработувачите да најдеме решение, но тие велат далеку било да доаѓаат тука и работа со нас. И додека ние нудиме млеко и месо од еколошки чиста средина, интерес за него нема – вели Ѓоре Ѓурчиновски кој има 80-тина јариња.

Ако некогаш во селото имало  пет илјади стока, денес едвај да има 500-тина. Обидот преку сточарство да развиваат семеен бизнис не оди, бидјеќи ни банките не ги поддржувале со кредити. Иако се обиделе да земат кредит а имале и покритие, биле одбиени. Затоа велат дека мораат и тоа малку стока што останало да ја продадат или заколат и живеат од социјалната помош. Поради ова машката популација од 300-те жители на селото, заминува и ја продолжува традицијата на предците, кои се прочуени молери низ Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »