речник контакт

Жителите на населба Порцеланка жедни на плус 35

Населбата со години е без вода, локалната власт најавува најбрзо можно решавање на проблемот

Петар Печков

Педесетина жители на населбата Порцеланка дојдоа пред зграда на Општината и побараа  конечно да им биде решено прашањето со водоснабдување. Откако  некогашниот индустриски гигант фабриката за плочки Порцеланка, претана да работи престанала да работат и резервоарите со вода од кои се снабдувало населението од оваа населба. Така тие   шест години мака мачат да дојдат до најосновното вода.  Затоа побраа од новиот градоначалник што поскоро да го реши ова болно прашање.

Пет години мака мачиме раце да се измиеме, најосновното а за друго и да ен зборуваме. Два пати неделно доаѓа цистерна со вода, но таа е техничка. Со неа се бањаме, миеме садови, переме алишта. За да можеме да ја собираме купивме нови буриња. Сега само да ги видите, полни се со `рѓа. Заради водата некои се иселија, останавме ние на голема мака сме – велат жителите  на населбата Порцеланка.

Таа опфаќа десетина куќи кои се покрај регионалниот пат Велес – Богомила.  Имаат водовод кој од фабриката Порцеланка до нивните домови ја носел водата, но откако фабриката престана да работи, се исклучила струјата престанале да работат и резервоарите. Тогаш започнале маките на овие луѓе.

Вода за пиење си купуваме или пак со автобусот од Велес полниме шишиња и така ја гасиме жедта. Ние пиеме најскапа вода, оти мораме и бензинот да го ставиме во сметката за да се снабдиме со вода за пиење.  Дали од дуќан ја купуваме или од некоја јавна чешма полниме, зависи.  Во населбата има мали деца, како тие се мачат да ја одржат хигиената, играат се бербатат. Затоа побаравме од градоначалникот да го реши нашиот проблем. Досега двајца градоначалници не сакаа, Чадиев вети – вели жителка на населбата. 

Градоначалникот по средбата со жителите на населбата оптимистички најави дека тие ќе добијат вода, започнат е проект за изработка на водоводна мрежа.

Проблемот е стар наследен. Започнуваме да изготвувавме проект, првичните процени се дека се потребни два милиони денари средства. Најскоро што можеме. Бидејќи нема средства предвидено за изградба, ќе ги обезбедиме со вториот ребаланс.  Граѓаните мора да добијат вода за пиење, барам само разбирање од нив  – изјави градоначалникот Чадиев.

Тој само најави дека ќе продолжат преку ЈКП Дервен да ги снабдуваат со техничка вода, додека за пиење не може да се обезбеди. Не можеле ниту бунари да копаат оти нема гаранција дека таа  вода ќе биде исправна хемиски и бактериолошки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »