речник контакт

Жителите на населбата Речани и Долни Дуќани бараат тротоар

Тие го посочуваат примерот со населба Превалец, каде иако е регионален пат се изгради тротоар

Петар Печков

 
Жителите на населбата Речани но и од долни дуќани барат изградба на тротоар . Тие и нивните деца мораат да одат по необезбеден пат до училиште и назад и во град за различни потреби. Овој нивен проблем не е сегашен, туку се преслекува со децении. Го актуализира со секој нов градоначалник и секогаш добиваа ист одговор.

„Проблемот е во тоа што патот и во Речани и кон Долни Дуќани се дел oд регионален пат, каде локалната власт нема ингеренции за градба“.

Наспроти тоа факт е  дека и патот за Превалец е регионален но таму во 2016-ата беше изграден тротоар од населбата Тунел до населбата Превалец, во должина од 650 метри и во широчина од 1,50  м. За проблемот за Речани советникот Марјан Николов рече де ка ќе го актуализира, како советничко прашање се додека не се реши.   

„Согласно мојата предизборна програма, писмено се обратив од ЈП Државни патишта, како и под кои услови  да проектираме и изведеме таму тротоар. Одговор немам добиено досега. На мое барање дојдоа во Велес нивни претставници, и за тротоар и за свлечиштето на кривината кај Штипска рампа, за крстосницата кај вулканизер Дине, но и за мостот  на Вардар кај Башино село. Тоа што го најавија дека годинава се бара проектант за санација на мостот а во 2023-та ќе започнат со градежните работи. Се проектира  кружен тек кај „Дине“- рече Колев.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »